Радио Милева

Елена Миленковска неколку месеци по породувањето направи драстична промена

Елена Миленковска неколку месеци по породувањето направи драстична промена

Македонската пејачка Елена Миленковска на публика и стана уште повеќе позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓутоа, шоуто не само што и донесоа успех на професионално поле туку Елена ја сретна и љубовта на својот живот, па така на почетокот на годината заплива во брачните води со нејзиниот колега Гуте Маринковиќ.

А во јуни оваа година, Елена и Гуте станаа родители на своето прво дете, синот Максим.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-ist-den-kako-i-snaata-na-ceca-se-porodi-i-elena-milenkovska-dobredoje-maksim/

Елена поради својата бременост доброволно ја напушти претходната сезона на музичкото шоу кое за жал беше паузирано поради пандемијата со коронавирусот.

Меѓутоа, неодамна поточно пред повеќе од месец, продолжија снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, а овој пат една сезона ќе трае како да се две.

Она што е ново кога станува збор за ова музичко шоу е тоа што ќе има нови 120 кандидати кои ќе се натпреваруваат против 120 кандидати.

Елена со нејзиното учество остави белег во музичкото шоу, но откако се породи таа потполно се посвети на мајчинството и ужива во нејзината нова улога која и донесе радост и нова енергија во нејзиниот дом.

фото: Принтксрин/инстагам/еленамиленковска/гутемаринковиќ

Неколку месеци по породувањето, пејачката направи драстична нова промена, односно ја скрати својата долга коса, па сега има потполно нов изглед.

фото: Принтксрин/инстагам/еленамиленковска/гутемаринковиќ

„Ние жените сме некој посебен вид, еве признавам. Кога ќе се сетам само колку „кукав“ за долга коса. Потоа, останав бремена и косата почна да ми расте со брзината на светлината и беше убава и квалитетна.  За брзо време, се тоа се промени драги мои дами. Кога се породив, помина таа магија. Тогаш, преку ноќ добив идеја да ја скратам. И еве ме новата јас. Како ви се допаѓа новата фризура? Јас сум воодушевена“, напиша Миленковска во описот на фотографија, а нејзините следбеници прокоментираа дека им се допаѓа новиот имиџ.

Инаку, Елена неодамна објави фотографија пред студиото на „Ѕвездите на Гранд“ и им се заблагодари на тимот, меѓу кои и Александар Милиќ Мили кој е дел од продукциското жири, па очигледно е дека пејачката на повик на Поповиќ, одлучи да се врати во шоуто во полн сјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐄𝐋𝐄𝐍𝐀 Milenkovska 🅂🄸🄽🄶🄴🅁 (@elenamilenkovskaa) on

Како ќе се претстави и како ќе помине оваа сезона, останува наскоро да видиме, зашто првата следна емисија во која Елена учествува е веќе снимена.

To top