Радио Милева впечатлив минимализам

Елеганција во црно: Цело семејство Бекам на ревија во Париз, а највпечатлива од сите беше снаата (фото)

Елеганција во црно: Цело семејство Бекам на ревија во Париз, а највпечатлива од сите беше снаата (фото)

Целото семејство Бекам замина за Париз на модната ндела за да ја поддржи Викторија со нејзината најнова колекција.

Дејвид носел темно сив костум со вратоврска и кошула во слична нијанса, додавајќи пар црни кожни чизми и очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Ќерката Харпер носела црно одело и бела маица, со соодветни црни панталони. Таткото и ќерката се држеле за рака од нивниот хотел и низ улиците на Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

На модната ревија биле и синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Гласините за семејни расправии ги следат младенците уште од нивната венчавка во април 2022 година, кога Пелц и Викторија, наводно, започнале некаква расправија околу нејзината венчаница. Невестата требало да облече фустан од ателјето на Викторија, но таа ѝ рекла дека нема да биде готов до церемонијата. Сепак, се чини дека оттогаш ги подобриле односите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Викторија сподели слатка семејна фотографија од настанот на Инстаграм, заблагодарувајќи им се за поддршката.

„Не би можела да го направам ова без вас, многу ве сакам сите Харпер Севен, Дејвид Бекам, Круз Бекам, Бруклин Пелц Бекам, Никола Пелц Бекам“, напиша таа покрај фотографијата.

фото:Инстаграм/Викторија Бекам

To top