Меланија и Доналд Трамп беа во официјална посета на Франција за да бидат дел од одбележувањето на стогодишнината од крајот на Правата светска војна.
Славниот пар беше поканет на ручек во Елисејската палата со Емануел и Брижит Макрон.
48-годишната прва дама на САД изгледаше префинето во темен комплет од Ботега Венета и црни салонки од Кристијан Лобутан. Црните ракавици и модерната интерпретација на француската пунџа беа силни компоненти во стајлингот на Меланија.
65-годишната француска прва дама беше облечена во сини креации од нејзиниот омилен бренд – Луј Витон.
Додека со Доналд заминуваше од Белата куќа, Меланија изгледаше шик во кариран мантил од Барбери и чизми од Кристијан Лобутин.