Многумина не би се осмелиле да се облечат од глава до петици во бела боја кога е зима. Повеќе од сигурно е дека белата во зимските месеци не е практична, но навистина го освежува изгледот и изгледа убаво.
Сега тоа го покажаа и познатите Македонки кои на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографии токму во таков стајлинг.
ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски попозната како „Живот со стил“ облечена во бело позираше пред апаратот и покажа дека кај неа нема дилема за оваа зимска комбинација.
Таа покрај белата боја се одлучила да искомбинира и неутрална беж која одлично се совпаѓа во изгледот.
ТВ водителката Вера Мештеровиќ секогаш е елегантна и стокмена, а сега и таа одлучи да ја истакне нејзината витка линија целосно во белата боја.
Со насмевка до уши Вера како вистински модел со топла бела туника позираше во овој студен период од годината.
На социјаланта мрежа Инстаграм, не остана имуна ниту македонската водителката и Инфлуенсерка Миа Костова, па и таа покажа дека без проблем ги искомбинирала неутралните тонови покрај патиките кои нејзиниот изглед го направија полежерен.
Цели во бело на сцената се појавија и водителката Марјана Станојковска и фолкерката Даниела Темелковска. И двете носеа руски шубари и се снимаа една со друга.
Најпрвин Марјана објави видео додека со микрофонот гордо најавуваше што ќе следи, а потоа позираше и во кадар ја улови Даниела која со сличен стајлинг и облечена во бело, веќе пееше на сцената.
Носењето светли бои во зима е храбро но, секако најважно е да се чувствувате удобно и исполнето.
Фото: Printskrin/Instgaram/miandrija/elena_zivotsostil/veramesterovic/danielatemelkovskaofficial/marjanamay