Најновиот филм за познатиот агент 007 го следи несреќа.
Имено, откако главниот актер Даниел Крејг претходниот месец се повреди на снимањето, сега се случи уште една несреќа.
Три силни експлозии екслоадирале на снимањето за филмот Џејмс Бонд, а во таа прилика повредени се неколку членовни на екипата.
Инцидентот се случил во Пајнвуд студиото во Бакингхемишвар, а поради тоа е прикинато сниамаето на филмот, пренесува „The sun“.
Како што пренесуваат британските медиуми, една личност е сериозно повредена, уништен е покривот и пет проециски платна во комплекосот вреден повеќе од пет милиони фунти.
На сетот на филмот тестирани се потребните реквезити за сцените за експлозија кога се случил инцидентот.
Според зборовите на изворот на сетот настанал општ хаос кога бил разнесен дел од покривот.
Daniel Craig Star Movie ‘Bond 25’ Face Huge Explosions on Set in Pinewood Studios https://t.co/wME30HYjjB pic.twitter.com/MYMM3jjyW0
— CelebJar (@JarCeleb) June 4, 2019
За потсетување, на почетокот на мај беше прикинато снимањето на филмот за Џејмс Бонд бидејќи главниот актер Данијел Крејг беше повреден.