1-ви април, светски ден на шегата, ден кога многумина се трудат со својата досетливост шеговито да ги „измамат или насамарат“ и да ги насмеат другите. Априлили е најчестата фраза која ќе ја слушнете токму на овој ден.
На тој ден луѓето се шегувааат и на своја, но најчесто на туѓа сметка… Затоа тимот на естрадниот магазин Бекстејџ, традиционално како и секоја година, одлучи да се пошегува со дел од македонските јавни и естрадни личности, секако на нивна сметка. Прв на тапет се најде Ламбе Алабаковски.
Веднаш по Ламбе, го побараа и Миле Кузмановски.
Традиционално продолжија со вечната лага, односно шега, а тоа е дека во нивната редакција стигнале експлицитни видеа и фотографии, овој пат од Агнеса Органџиева.
А колку е вистината дека Андреј ќе се повлече од ДНК?
Единствена личност која не успеаа да ја измамат беше Александра Јанева, иако на момент и таа се подзамисли.
Нивниот обид да ги измамат нашите јавни личности беше прилично успешен. Се надеваме дека успеале и да им измамат насмевка на нивните лица, а секако и на вашите, откако ќе го погледнете видеото во продолжение: