Радио Милева

Екс-сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ во врска со 15 години постара жена

Екс-сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ во врска со 15 години постара жена

Поранешниот сопруг на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, неодамна започна бизнис но работата му пропадна, па дури е должен на работници кои работеле со него. Сега тој се обидува да најде среќа со 15-години постара жена.

Откако пејачката во април оваа година го пријави за семејно насилство, Лука Лазукиќ не се појави во јавноста со понежна половина. Тој поминал период дури и надвор од земјата, обидувајќи се да најде работа од која можел да живее, бидејќи сè што тој се обидувал да го стори, тоа досега не донело плод. Според извор близок до Лазукиќ,  наводно од неодамна е во нова врска.

FOTO: ZORAN ILIĆ / RAS SRBIJA

– Не знам како се случила љубовта меѓу нив, наслушнав дека таа му пришла прва. Тие се запознаа преку заеднички пријател и се допаднаа еден на друг. Лука не ми кажа ништо повеќе за неа, знам дека се занимава со приватен бизнис и дека е многу успешна во тоа. Колку што јас разбрав, има околу 50 години, што значи дека е постара од него  деценија и половина. Тој не ги запознал повеќето пријатели и членови на семејството со новата девојка, а многумина не знаат дека е во контакт  со неа. Не знам зошто толку многу се крие, веројатно затоа што тие едноставно почна да излегуваат или можеби, се плашат дека тоа ќе допре до медиумите. Тој не сака неговиот партнер да биде изложен на медиумски притисок – изјави близок пријател Лакукиќ за српски”Курир”.

Изворот, исто така, тврди дека двајцата од нив неодамна биле на заедничко патување и биле забележани по враќањето прегрнати на аеродромот во Загреб по летот од Цирих.

To top