Радио Милева

Екс-сопругот на Клои Кардашијан признава: „Платив безброј абортуси, а на дрога потрошив 100 милиони!“

Екс-сопругот на Клои Кардашијан признава: „Платив безброј абортуси, а на дрога потрошив 100 милиони!“

Двократниот НБА шампион, Ламар Одом, во кариерата заработи околу 113 милиони евра, но речиси сите пари ги потрошил на дрога! Поранешниот ас на Лејкерс во 2015 година беше на работ на смрт, откако во еден бордеч го пронајдоа без свест. Неколку дена беше во кома, и едвај остана жив. Успеа да се извлече, но не и да го спаси бракот со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан. Неодамна издаде автобиографија под назив „Од темнина до светло“, а откри и некои интересни детали од книгата.

-Кога би морал да пресметам колку потрошив на дрога, тоа би бил износ од 100 милиони долари, шокираше Одом со изјавата.

Интересно е дека некогаш најдобриот шести играч на лигата, заработи околу 113 милиони долари. Речиси сите ги дал за дрога. Верувале или не, тоа не е најшокантното признание.

-Се случуваше да имам секс со шест различни жени неделно, секој пат без заштита. Така што морав да платам голем број абортуси. Ми требаа тие жени, тие беа излез, не можев да си одам дома сам, вели Ламар и има дури и оправдување за зависноста.

фото:профимедиа

-Го наследив тоа од татко ми. Го добив неговиот ген. Нештата се влошијакога ми умре шестмесечниот син. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот, целосно сам.

Одом открива и кога за првпат пробал кокаин.

-Се случи кога имав групен секс со неколку жени. Потоа сите мои демони беа пуштени од ланец. Станав професионалец во сокривање на својата зависност од сопругата Клои Кардашијан. Долго и требаша да открие. Знаете, не сакате сопругата да знае дека шмркате кокаин и дека спиете со други жени, завршува Ламар Одом.

To top