Мегафон

Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“

Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“

Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“, по четврти пат, ја организираше манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“. Во паркот Ѓорче Петров изложуваа повеќе од 40 производители на органска храна, вина и крафт пиво. Жителите на населбата, но и сите Скопјани, уживаа во звуците на музичкиот вокал Агни Авшар и бендот Brainfreezers.

Здружението „Еко Партнерс“, со оваа манифестација го одбележа Европскиот ден на органска храна во рамки на кампањата „Дојди, види, вкуси“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Продолжуваме да ја спроведуваме визијата на Еко Партнерс, градење јак локален и регионален развој кој ќе овозможи заштита на животната средина и работи  за зајакнување, вмрежување  на локалните и регионалните капацитети на микро и семејните бизниси, на полето од органското производство, екотуризмот, агри туризмот, екологијата, создавајки услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите. Благодарни сме за поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Ѓорче Петров, но и на сите овогодинешни изложувачи – производители на органска храна, вина и крафт пиво. Натанот е одлична можност на едно место да се споделат искуства, изложат органските производи и испрезентираат практиките во руралниот туризам, вмрежат органските производители на едно место и приближат регионалните практики и ќе овозможат продолжување на растотот на ова производство и еко туризмот со дополнителен финансиски импакт и зајакнат  локалниот економски развој“, истакна Дејан Арсов, како претставник на Здружението „Еко Партнерс“.

За овие четири години на манифестацијата имаше повеќе од 10.000 посетители, со што интензивно се работи на полето на промоција на руралниот туризам кој последниве години е во подем. „Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда“, велат од „Еко Партнерс“.

Ивица Стевковски од винарија Кувин го изрази своето задоволство и на овој начин го доближивме виното до нашите купувачи. „И секако, би учествувале на настани за промоција на органската храна, вино и пиво“.

Манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“  ја поддржа и Агенцијата за односи со јавност Чептер 4.

To top