Пејачката Анѓела Игњатовиќ попозната како Бресквица проговори за своето ново момче, а истакна и дека е подготвена да се омажи за него.
Брешквица на почетокот на интервјуто за Блиц тв се осврнала на настапите, и објаснила дека повторно ја вратила препознатливата црвена боја на косата.
– Имав кикици, кои ги носев некое време, но ми стана многу болно, па решив да се вратам на старо – изјавила на почетокот Бресквица, а потоа ги спомнала и настапите.
– Сега имаме многу настапи, фала богу, така да продолжи. Немаме многу време, но можам да го правам тоа додека сум млада.
Брешквица признала дека успева да го балансира приватниот и деловниот живот.
– Не ми е тешко затоа што моето семејство и моите луѓе се таму покрај мене, секогаш сме заедно, само за викенди не сум тука.
Младата пејачка открила како нејзиното момче реагира на нејзината работа, и дали го разбира нејзиното отсуство.
– Да, секако, кога и да може оди со мене, кога не може, едвај чекам да се вратам дома – признала, а потоа шокирала со изјавата дека е подготвена да се омажи.
– Подготвена сум да се омажам, кога ќе почувствуваш дека си со вистинската личност, не е ни важно кога тоа ќе се случи – рекла таа.
На самиот крај Бресквица проговорила за Војаж со кој беше во врска.
– Тоа беше на почетокот на мојата кариера, се случи тоа што се случи, двајцата „експлодиравме“, сега секој си продолжи по својот пат. Контактирам со сите мои колеги, би контактирала и со него – заклучи Бресквица.
Фото: Принтскрин/Снежана Крстиќ/Рингиер