Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот свршеник Александар Гуте Маринковиќ се венчаа.
Тие направија едноставна и скромна прослава, во кругот на најблиските пријатели и роднини.
Елена за оваа прилика се одлучи за бела комбинација, односно бели панталони во комбинација со бела блуза.
Гуте на својот „Инстаграм“ сподели фотографија заедно со Елена, а во описот на истата напиша “жена“.
Исто така тие на социјалните мрежи споделија и фотографија од бурмите и на следебениците се пофалија дека официјално се маж и жена.
Новопечените сопружници добиваа честитки од сите страни со желби за убав и вечен брак, а редакцијата на вистина.ком.мк се придружува кон честитките за долговечен брак исполнет со љубов, разбирање, поддршка и дечиња.
Гуте и Елена следната година ќе станат родители на нивното прво дете, а оваа радосна вест ја обелоденија исто така на социјалните мрежи.
Миленковска со својот сопруг и идниот татко на нејзиното дете, исто така пејач Гуте се запознаа откако обајцата се натпреваруваа на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-e-bremena-pejachkata-vo-2020-kje-stane-za-prv-pat-majka-foto/