Бојана Родиќ е една од трите сестри од семејството Родиќ од Тител.
Сестрите „се прославија“ откако Богдана Родиќ, најмладата сестра од семејството, се омажи за Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, во 2019 година.
Богдан Родиќ, таткото на Богдана и Бојана Родиќ, во една прилика за медиумите изјави дека му било тешко кога неговата најмлада ќерка тајно се верила.
„Ова не ми беше тешко, кога дојдоа овде официјално да ја запросат. Тоа беше убаво, среќно. Имавме и убава вечера… Но нивната тајна свршувачка ми беше многу тешка. Вељко не можел да дочека, па прво тајно ја побарал. Цеца за тоа дозна од медиумите, а мене ми кажаа телефонски. Богдана ми се јави и ми рече: „Се веривме“. И што да кажам?! Поддржав сè“, изјави тој за локалните медиуми.
По стапките на Богдана тргна и нејзината средна сестра Бојана, која вчера се омажи за Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска и Зоран Шијан.
View this post on Instagram
Семејството има и трета сестра, најстарата – Наташа.
И покрај тоа што е сè уште немажена, за неа и претходно се пишуваше во медиумите.
View this post on Instagram
Минатата година медиумите објавија дека Наташа била во врска со синот на Злата Петровиќ, Јован Пејиќ, кој е дури девет години помлад од неа.
Врската не беше потврдена, а Наташа е една од најактивните сестри на социјалните мрежи.
На Инстаграм ја следат повеќе од триесет илјади луѓе, а таа речиси секој ден објавува свои фотографии.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/miss.rodic/Страхиња Костиќ