Депардје игра во албанскиот филм „Милошевиќ и ние“, во режија на приштискиот режисер Арбен Кастрати, а се снима во албанскиот град Џирокастро. Како што објавија во локалните медиуми, филмот приказната се одвива во 2003 година и ги следи животите на албанските семејства по војната во Косово во 1999 година.
Албанскиот премиер Еди Рама на својот Инстаграм профил објави фотографија со Депардје и идниот премиер на Косово, Албин Курти.
Фронтменот на „Рибља Чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, истакнува дека Депардје воопшто не го изненадува.
„Еднаш кретен, секогаш кретен. Точно е дека Депардје патолошки го мрази Емир Кустурица, а со тоа и сите Срби. Искрено, жал ми е што тој доби руско државјанство додека бегаше од даночниците во Франција … Џерард е познат како добар актер и човек кој не може да ги контролира своите с*ања“ – вели Ѓорѓевиќ.
Фото: Немања Панчиќ/Инстаграм приннтскрин