Радио Милева иди ми - дојди ми...

Една водителка од своето „Ами Џи шоу“ ќари, а другата му замина од емисијата: Огњен Амиџиќ се најде во ситуација „фати – пушти“ (ФОТО)

Една водителка од своето „Ами Џи шоу“ ќари, а другата му замина од емисијата: Огњен Амиџиќ се најде во ситуација „фати – пушти“ (ФОТО)

Тијана Стоисављевиќ, водителка на „Ами  Џи шоу“, им најави на Огњен Амиџиќ и на останатите членови на екипата дека наскоро ќе го напушти шоуто. Иако на почетокот сите беа изненадени од нејзината одлука, кога ја слушнаа вистинската причина се израдуваа.

Имено, Тијана е бремена во петтиот месец, а таа и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Михајло Милутиновиќ чекаат принова.
Тијана вешто ја криеше бременоста и цело време работеше напорно. Сепак, сега е време малку да се одмори и да го дочека породувањето кое е планирано за август.

„Вистината е дека сум во блажена состојба. Се оди според планот, без никакви проблеми. Потполно сум смирена и опуштена, па работев сите овие месеци без никаков напор“ – изјави водителката. Инаку, Тијана носи мало девојче, што посебно го израдувало нејзиниот сопруг Михајло.

 

Да потсетиме, неодамна како бомба одекна веста дека водителот Огњен Амиџиќ повторно е вљубен.

Овој пат во својата колешка Мина Наумовиќ, атрактивна речиси 20 години помлада од него бринета, која се појавува во  „Ami G ​​Show“ како дел од сегментот: „Внимавај, Мина“.

Фото: Инстаграм принтскрин/ognjenamidzic/tijana.stoisavljevic/callmenaumi

To top