Радио Милева две лица...?

Една снимка откри дека водителката Јована Јоксимовиќ не е она за што се претставува: Пред камерите „лизна-мазна“, ведра и насмеана, а зад нив друга личност? (ВИДЕО)

Една снимка откри дека водителката Јована Јоксимовиќ не е она за што се претставува: Пред камерите „лизна-мазна“, ведра и насмеана, а зад нив друга личност? (ВИДЕО)

Јована Јоксимовиќ важи за една од најуспешните водителки на утринска програма во Србија, иако многумина сметаат дека нејзините појавувања на телевизија секогаш имаат и малку поинаква позадина.

За нејзин најголем квалитет се смета можноста да ги извлече сите информации од соговорникот, но и тоа што гостите во нејзината емисија не можат целосно да се опуштат.

Но, на социјалните мрежи осамна видео на кое јасно може да се заклучи дека таа е таква само додека се вклучени камерите, а ситуацијата е сосема поинаква „зад сцената“.

Судејќи според видеото, таа е опуштена и љубезна кон тимот шминкери, на кои дури и им дозволи да ја снимаат и видеото да го објават на социјалните мрежи (што многу ѕвезди не би го дозволиле). Кога излезе на сцената, им се насмевна на снимателите и на продуцентите, но и покажа дека е  сосема поинаква кога ќе се изгаснат камерите.

Насмевката никаде ја нема, а сериозното, па дури и намрштено лице, строгиот поглед и киселата насмевка низ заби на водителката, во случајов и газдарица на телевизијата, покажува дека некоја сосема друга личност? Или можеби се’ е само прашање на перцепција? веројатно вистината најдобро ја знаат вработените во нејзината К1 телевизија?!

Фото: Инстаграм принтскрин/jjovanajoksimovic

To top