Џорџ Клуни и Џулија Робертс се многу блиски пријатели, а често имавме можност да ги видиме како пар во некои романтични комедии.
Џорџ Клуни е еден од главните холивудски заводници, додека Џулија Робертс е убавицата со препознатлива насмевка, а овој пар во тандем сними дури четири филма во кои глумат заедно.
Иако се многу блиски семејни пријатели, многу добро се познаваат и се добро координиран тандем, но една сцена им задала многу мака, па морале да ја повторат дури 80 пати.
Новата романтична комедија „Ticket to Paradise“, во која игра овој холивудски тандем, повторно ги крена Џулија и Џорџ на височините, а тие во едно од многуте интервјуа открија која сцена им била најтешка и што морале да повторуваат одново и одново. .
Тие се пошегуваа за нивното долгогодишно пријателство и признаа дека сцената со бакнеж ја повториле 80 пати за да ја одиграат како што треба.
– Ни требаа 79 повторувања бидејќи секој пат умиравме од смеење и дури тогаш успевавме да се бакнеме – искрена беше актерката.
– И кажав на жена ми дека ми требаат 80 обиди да ја бакнам, а таа не можеше да поверува и ме праша што не е во ред со мене. Па, моравме да го направиме тоа како што треба – се пошегува Клуни.
View this post on Instagram
Многумина се согласуваат дека нема подобар пар од двајцата токму поради хемијата меѓу нив, а сето тоа го припишуваат на долгогодишното пријателство и се согласуваат со мислењето на публиката.
Фото:Принтскрин/Инстагарм/oceansographer/Јутјуб