Една од најубавите жени и актерки во светот, Олга Кириленко е заразена од корона, но не сака да остане во болница.
Иако заразените од вирусот може да си обезбедат лекување во болница, Олга вели дека не сака да им го зазема местото на постарите луѓе кои се борат за живот.
„Им благодарам на сите кои ми праќаат убави желби, преполна сум со љубезност. Сакам да одговорам на прашањето кое најчесто ме прашувате а се однесува на коронавирус“ започна Кириленко.
„Зошто не сум во болница? Бидејќи болниците се полни и ги примаат само пациентите кои се борат за живот. Кажано ми е ако ми се влоши состојбата да повикам Брза помош“ вели Олга.
Таа откри дека е трстирана во болница откако имала температура преку 39, а откри дека ја тестирала така што и земале брис од грло.
Олга вели дека не знае каде се заразила.
„Каде го добив коронавирусот? Невозможно е да знам. Можеби сум ја допрела вратата на таксито и отаму да сум се заразила. Веќе неколку дена имам температура 38. Поенкогаш и 38.5 Денес се спушти“ вели Кириленко.