Данската тенисерка Каролина Возњацки соопшти дека боледува од ревматоиден артритис односно од тешка автоимуна болест од која страдаат зглобовите.
Болеста и била дијагностицирана пред Ју-Ес опен, но Возњацки нагласи дека го чекала крајот на сезоната за да ја соопшти информацијата во јавноста.
– Имам автоимуна болест, ревматоиден артритис од која страдаат зглобовите. Кога во телото имам многу течности отекувам и се заморувам. Во почетокот тоа ми беше шок, но сега се обидувам да се носам со тоа, истакна Возњацки.
View this post on Instagram
Во моментов третата тенисерка на ВТА листата соопшти дека прима терапија и животот не и е во опасност.
Последниот натпревар сезонава на завршиот ВТА турнир во Сингапур 28-годишната тенисерка го загуби од Елина Свитолина со 2:1.
(МИА)