Радио Милева познати детелите

Една година откако почина откриена причината за смртта на славниот холивудски актер Реј Лиота

Една година откако почина откриена причината за смртта на славниот холивудски актер Реј Лиота

Официјално е откриена причината за смртта на холивудскиот актер кој се прослави со бројни улоги во омилените филмови на сите, Реј Лиота.

Актерот Реј Лиота почина минатиот мај во Доминиканската Република, а сега е откриена причината за смртта.

„ТМЗ“ дојде до документи од Доминиканската Република, во кои пишува дека смртта настапила природно и ненасилно.

Актерот починал во сон поради акутна срцева слабост и респираторни проблеми. Тој, исто така, боледувал од атеросклероза, состојба во која артериите стануваат задебелени поради акумулација на наслаги.


Да потсетиме, Реј го снимаше филмот „Опасни води“ во Доминиканската Република каде и почина. Неговата најголема слава беше улогата на Хенри Хил во филмот на Мартин Скорсезе „The Good Guys“ во 1990 година.

Во февруари 1997 година, Реј Лиота се ожени со актерката Мишел Грејс. Тие се запознале на бејзбол натпревар на поранешниот сопруг на актерката Марк Грејс, а во 1998 година ја добиле ќерката Карсен. Реј и Мишел се разведоа во 2004 година.

фото:EPA Images

To top