Џорџина Родригез на најновата објава покажа дека со Роналдо, дури и за чорапи знаат да платат дебело.
На фотографијата, свршеницата на фудбалерот позирала во приватен авион опкружена со некои од најскапите чанти на светот – “Hermes Birkin”, “Dior”, Louis Vuitton”… Но, за да докаже дека не купува само скапоцени чанти, таа се пофалила и со брендирани чорапи со потпис на “Balenciaga”.
Џорџина се пофалила и со бројните парчиња накит помеѓу кои посебно се истакнал дијамантскиот прстен чија вредност се проценува на околу 380.000 долари.
Но, да се вратиме на чантите – Родригез позирала со црна “Birkin” чанта од крокодилска кожа која се смета за најлуксузната чанта на светот. Цените воглавно се движат од 6000 до 120.000 долари, ако станува збор за персонализирано парче. За купување на овие чанти постои и долга листа на чекање, а во 2016 година, ваквата чанта била прогласена за инвестиција повредна и од злато.
Секако, Џорџина не ја поседува само оваа “Hermes Birkin” чанта – таа има најмалку шест, а со торба од овој бренд може да се забележи и Роналдо.
На неодамнешната фотографиј на Родригез, од страна се забележува и нешто “поскромната” “Dior” чанта чија цена е околу 2000 долари, а од внатрешноста на скапоцената “Birkin” чанта се гледал и несесер со потпис на “Loius Vuitton” кој изнесува околу 600 долари. Сите овие скапоцени модни додатоци кои вредат вистинско богатство, Џорџина ги искомибинрала со – тренирки и патики.
Инаку шпанските медиуми тврдат дека Роналдо ѝ дава на Џорџина месечен “џепарлак” во износ од 50 до 100.000 евра. 26-годишната убавица наводно за секоја спонзорирана објава на Инстаграм бара околу 8.000 евра, а за интервјуа барала и до 100.000 евра.
Роналдо со Јувентус има договор од речиси 30 милиони евра годишно.