Радио Милева Луѓето во неверување

Едита на столбот на срамот – тепачката со сестра си ја спореди со физичката пресметка меѓу принцот Вилијам и Хари (фото)

Едита на столбот на срамот – тепачката со сестра си ја спореди со физичката пресметка меѓу принцот Вилијам и Хари (фото)

Сестрите Едита и Инди Арадиновиќ имаа жестока пресметка, а видеото од тепачката се рашири во јавноста.

Имено, тие двете  се туркале, влечеле и удирале, додека непознатото младо момче ги разделило, а потоа нивната мајка успеала да ја смири целата ситуација кога едната ќерка ја испратила во куќата, а другата во автомобилот, додека да се смират.

 

По инцидентот, двете сестри проговорија и се обидоа да го релативизираат насилството што се случи, велејќи дека тоа се случува во многу семејства, а дека и нивното не се разликува. Исто така, Едита изјавила дека никој немаше да внимава на тепачката што ја имала со нејзината сестра доколку не се јавни личности, свесно или несвесно игнорирајќи го фактот дека насилството е пред се неприфатлива категорија.

Врвот на оправдувањето на Едита Арадиновиќ се случи кога таа вклучи клип од весник за физичката пресметка на принцот Вилијам со неговиот брат принцот Хари, заедно со нејзиното „излагање“ за инцидентот, затоа што претпоставувам ако и принцовите се тепаат еден со друг поради несогласувања, во ред е и таа да се степа со сестра и. Овој нејзин потег го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, кои шокирано ја коментираа пејачката.

„Инди е Вилијам, Едита е Хари бунтовникот, а Гаги Ѓогани е принцот Филип“.Вилијам го турна Хари и тоа беше тоа во четирите ѕида. Иако се сомневам дека инцидентот воопшто се случил“.Вилијам ми изгледа како некој кој само би рекол „ох, боже“ и ќе ја напушти собата“ – пишуваа луѓето на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Милан Илиќ/Зоран Илиќ/ Рингиер

 

 

To top