Пејачката Едита Арадиновиќ ќе биде една од учесниците во новата сезона на популарното забавно-музичко шоу „Твоето лице звучи познато“.
Таа повторно ќе ги покажува своето умеење и вештини, а деновиве напорно работи на снимањето на петтата сезона.
Дека подготовките не се нималку лесни, докажува нејзината најнова фотографија, со која Едита ја возбуди јавноста, оставајќи ја во шок и неверување, што тоа и се случило на пејачката?.
Едита и нејзините колеги работеа напорно, а од последната проба се врати со нозе полни модринки.
„Лека ноќ“ – напиша пејачката споделувајќи ја фотографијата, која на почетокот вознемири многумина блиски пријатели.
Но, набргу сите сфатија дека станува збор за подготовка за шоуто и дека Едита доживела повреди во салата за вежбање танцови кореографии.