Едита Арадиновиќ призна дека го „промашила“ своето голо селфи од бањата, кое по грешка го објави на Инстаграм, но и брзо го отстрани. Сепак, не доволно брзо, поради што голата фотографија од под тушот на која таа некому праќа бакнежи осамна на Интернет, а регионалните медиуми сега откриваат кому наводно му била наменета.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ushte-edna-pejachka-kako-od-majka-rodena-sluchajno-osamna-na-instagram-edita-aradinovikj-gola-pod-tushot-foto/
Во прашање е манекенот и машки модел Александар Јововиќ, кој се појави во видеото на Светлана Цеца Ражнатовиќ за песната „Добро поминав“ пред пет години, со кого тогаш се шпекулираше дека фолк дивата наводно била во тајна врска. Медиумите бруеа за наводната романса на Ражнатовиќ со манекенот, приказна која ниту таа, ниту тој никогаш не ја потврдија.
Во 2016 година, кога беше објавено видеото, на сите наскловници осамнаа написите дека Цеца и Александар биле во тајна врска цела една година.
Сега Едита Арадиновиќ наводно е во врска со него.
„Таа дошла во кафулето околу пладне и седела со момчињата од познатата продукциска куќа кои работат на нејзиниот нов спот, кога се појавил Александар. Едита наводно му покажала да седне на друга маса и да ја почека додека не ги заврши деловните обврски. Нивната идила била прекината од фотографот кој ги сликал пејачката и нејзините соработници, а кога Јововиќ забележал дека може и тој да биде фотографиран, веднаш си станал и исчезнал со брзина на светлината“, изјавил неименуван извор.
Да ве потсетиме, вака изгледа наводно поранешниот на Цеце Ражнатовиќ и „сегашниот“ на Едита Арадиновиќ.