Таа една од оние многуте кои оддамна ги спакуваа куферите и заминаа од дома, од родната Македонија. Но една од ретките која не тргнала во потрага по гола егзистенција, туку многу повеќе во потрага по можност за оставрување на своите соништа.
Јова Радевска не е тотален анонимус кај нас, целосно непознато лице, зашто јавноста ќе ја запознае уште како девојченце кога почнала да учествува на детските фестивали како што се „Калинка“ во Гевгелија или подоцна „Тинс фест“ во Прилеп. По завршувањето на средното училиште се сели во Лондон, за кој како што самата вели, отсекогаш ја фасцинирал. Таму се запишува во едно реномирано музичко училиште, каде по стекнувањето на нови пријатели се раѓа музиката за нејзиниот деби албум „„Дневникот на песочниот часовник“ во 2007 година. година.
Македонската музичка јавност одново ја открива една година подоцна, сега како возрасна девојка кога во 2008 година Јова има два настапи во Македонија – на „Скопскиот фестивал“ каде настапи со песната „Јас сум овде“ и на „Охридски трубадури – Охрид фест“ со песната „Се радувам и тагувам“. Но, Британја и Лондон се „местото за оставрување на музичките соништа“, лулката на рок ен ролот, па Јова се враќа назад за да продолжи до остварувањето на своите, правејќи го следниот чекор во штотуку започнатата музичка кариера – настапите по реномираните абритански клубови како „Трубадур“ или „Бедфорд“ во кои настапувале некои од најголемите ѕвезди на денешницата (Ед Ширан, Адел…), но и музичките легенди како Боб Дилан, Пол Сајмон, Џими Хендрикс… Меѓу сите нив и нашата Јова!
Средбата со искусниот музички волк, Марк Вернон и создавањето со него на дуото „Yova“ ќе и го трасира патот и ширум ќе и ги отвори вратите кон музичките пространства во кои Јова покрај Вернон ќе почне да се дружи и соработува со врвни светски музички и продуцентски имиња како: BJ Cole (соработник на Sting, Bjork, REM, The Verve), David Родос (соработник на легендарниот Питер Габриел од групата Genesis), Ана Фиби (соработник на Roxy Music), Алекс Томас (соработник на Johnон Кејл од легендарната група Velvet Underground)…
Марк со неговата претходна работа со PJ Harvey & John Cale од култната група Velvet Underground го контактира неговиот пријател продуцентот и мулти инструменталист Rob Ellis (PJ Harvey, Anna Calvi, Marianne Faithfull, Scott Walker, Placebo, Bat for Lashes ) за да го аранжира и оформи новиот звук на „Yova“ .
Дуото „Yova“ набргу издава неколку синглови визуелизирани со видеоклипови („Moondog“, „Rain“, „An Innocent Man“, „You’re The mirror“, „Would I change it? ( If I could)“, „Togetherness “ …) како и последниот “Where There Is Smoke“ кои минуваат прилично запазено, најавувајќи го деби албумот „Nine Lives“ („Девет животи“) кој треба да излезе следниот месец, на 12 -ти ноември 2021 година.
Покрај промоцијата во етерот Јова има планови за многу концертни настап, меѓу кои се и оние за настап на некои од рок фестивалите и манифестациите во Македонија.
И покрај тоа што е единствената Македонка на британската музичка сцена, Јова Радевска себе си не се смета за ѕвезда. За неа е многу поважна страста кон музиката. Затоа како што самата неодамна ќе изјави за Екран.мк, сите кои имаат страст кон музиката ги советува да имаат и храброст да се фрлат во музичките води, без разлика дали ќе станат sвезди или не.
„Животното искуство да се занимавате со нешто што го сакате е „непроценливо“. Па што ќе биде, нека биде“ – вели Јова Радевска, девојката со „девет животи“ која го живее својот музички сон во лулката на поп-рок музиката -Лондон.