Радио Милева
генерална проба

Едина Муса се „омажи“ без никому да каже: Невестата од машките соништа разголена прошета среде елитниот скопски хотел!(ФОТО)

Едина Муса се „омажи“ без никому да каже: Невестата од машките соништа разголена прошета среде елитниот скопски хотел!(ФОТО)

Македонската кошаркарка, бодибилдерка, убавата Едина Муса облече венчаница?! Ова е веста што ја шокираше не само пошироката јавност туку и поблиските  пријатели и познаници на згодната фитнес мис бикини девојка!

Имено, таа само пред неколку дена и се врати на репрезентативната кошарка подготвувајќи се со македонската женска репрезентација за претстојните натпревари од вториот сегмент на евроквалификациите со Хрватска и Италија.

Затоа и ваквата вест беше шокантна, иако Едина е една од оние кои знаат да изненадат. Нејзиното идеално извајано спортско торзо, кое гордо го шеташе ко на корзо, совршено легна во провокативниот невестински фустан, специјално скроен за овој настан… А тој направен од бела проѕирна тантела, на прерамки со висок шлиц, гол грб и длабоко деколте кое едвај ги прекрива нејзините бујни гради… Едина беше невеста од соништата… Особено, од оние – машките!

Разголената невеста зрачеше со сексапил и еротски набој, кој особено се чувствуаше кај машката популација кога згодната Едина чекореше по пистата на модната ревија на венчаници дизајнирани од неколку наши модни дизајнери, која се одвиваше во еден од најелитните хотели во строгиот центар на Скопје.

Таа привлекувајќи ги кон себе погледите на присутните будеше воздишки кај посилниот пол, од кој многумина со очи ширум отворени сонуваа, замислуваа и посакуваа ваква невеста.

Кругот се прошири особено откако таа на Инстаграм ги прикачи фотографиите и видеата на нејзиниот профил, со што го разгоре Интернетот и уште повеќе машките мечти.

А оние, загрижените… Нека не се секираат! Ова беше само обид… Само „штик проба“.

Кога Едина навистина ќе реши да се мажи, среќник ќе биде само еден, а бројката огромна… на разочарани мажи!

Останати вести од Радио Милева