Радио Милева
го има вистинскиот

Едина Муса е заљубена „до уши“: Луд(а) по тебе! (ФОТО)

Едина Муса е заљубена „до уши“: Луд(а) по тебе! (ФОТО)

Најзгодната македонската кошаркарка и боди фитнес девојка, убавата и шармантна Едина Муса последниве две години е вистинско откритие. Успесите, медалите, до перфекција доведената фигура заедно со  плочките на стомакот и останатата мускулатура, направија бујната и стројна девојка да стане интересна за медиумите и спонзорите.

Бројни написи, фотосесии, настапи, ТВ гостувања, видеа… па згодната Едина стана медиумска хероина која лани се најде меѓу 12-те избрани македонски спортистки на традиционалниот календар на познатиот македонски бренд за вода.

А убавината зачинета со медиумска популарност е магнет за привлекување не само спонзори, туку и момчиња. Бидејќи никој не е имун на сексапилот и привлечноста, не остана ниту таа…

Информациите велат дека се запознале во теретана, а потоа заедно се најдоа во видеото на Александар  Тарабунов Тара – „Луд по тебе“. Заедно продолжија да се гледаат далеку од очите на јавноста…

Заедно минатото лето летуваа, заедно се и денес…

Тој е отприлика на иста бранова должина со неа. Македонски машки фитнес модел, личен тренер и нутриционист, кошаркар, модел во агенцијата Моделс Ин…

Серџо Спасов, урбано скопско дете со вајано тело и фотогеничен лик.

Едина Муса и нејзината љубов имаат речиси идентична матрица на поимање на животот. Можеби спротивностите се привлекуваат, но овде токму истата сфера на интерес веројатно ги прави уште поблиски. Таа во него заљубена до уши, тој луд по неа… и обратно! Или можеби и двете?

По се’ изгледа, Едина ја најде својата сродна душа… На почетокот сексапилната убавица ја криеше својата љубов, но она што е убаво тешко се крие, а медиумите се тие што ги обзнануваат успесите и падовите и во кариерата и во приватниот живот на познатите.

Остнаува да видиме дали е тој вистинскиот за неа, односно таа единствената за него…

Како и да е… Love is in the air! И во живо и на слики… Од теретана до Халкидики!

 

Останати вести од Радио Милева