Британскиот поп музичар Ед Ширан доби повеќе од милион евра отштета за правни трошоци по успешната битка против авторите кои го обвинија за плагијат.
Случајот во Врховниот суд во Лондон го доби 31-годишниот музичар на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.
Тој не ја копирал мелодијата на песната „Shape of you.“
Судот пресуди дека Ширан „ниту намерно ниту свесно“ ја копирал мелодијата на песната Сами Свич, и неговиот музички продуцент Рос Одоног за хитот „Shape of You“, кој е еден од најпродаваните во светот.
Во дополнителната пресуда, судијата Антони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.
За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли обвинувањата дека ја „позајмил“ мелодијата од непознати композитори, а нивниот адвокат, иако ја призна генијалноста на британскиот пејач, го нарече страчка, мислејќи на птицата која често се нарекува крадец.
Фото:Принтскрин/teddysphotos