Мегафон евровизија

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“

Организаторите на Евровизија објавија дека вкупно 41 земја ќе се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија 2022, следниот мај во Торино.

Иако МРТ до последен момент немаше јавно соопштено дека потврдува учеството, Македонија се најде на списокот на објавените учесници.

„Ние сме многу возбудени што уште еднаш имаме над 40 радиодифузери кои се натпреваруваат за освојување на познатиот трофеј на Евровизија во Торино следниот мај. Тимот од Раи напорно работи на подготовките за пречек на сите делегации во новиот град домаќин“ – порачуваат од ЕБУ.

To top