Ретко кој можеше да ја игнорира ѕвездата со која изминатиот период се фотографираа многу познати личности од земјава, како и тоа да не си го постават прашањето кое е значењето на истата?
Некои можеби сфатија, но поголемиот број останаа да се прашуваат за што точно станува збор.
Имено, деновиве стана јасно дека ѕвездата всушност е враќањето, односно новиот старт на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. По тој повод вечерва (13. Септември) во ресторанот „Парк“ ќе се случи забава за рестартирањето , проследено со модно шоу резервирано само за одредени гости.
Од новитетите беше откриено и која ќе биде водителската двојка на новиот „Бекстејџ“ . Уредништвото ја враќа поранешната водителка со долг стаж во емисијата, Миа Костова, како и нејзиниот партнер-водител Миро Кацаров кој своевремено беше дел од тимот.
Сигурни сме дека со нова сила и енергија повторно ќе направат одлична содржина која ќе го обои сивилото од забавните емисии и ќе донесе свежина.
Ѕвездата наскоро ќе биде со Вас!