На почетокот на годината беше објавена вест дека ќе снима продолжение на серијата „Беврли Хилс“.
Меѓутоа, некои од плановите се променија со прераната смрт на Лука Пери кој во серијата го глумаше Дилан, но продуцентите одлучиле да не се откажат од идејата да ја соберат старата екипа и повторно да снимаат.
А бидејќи во Холивуд и најавата на еден иден прокет донесува пари, една комапнија одлучила да ги ангажира актерките кои ги играа улогите на Кели и Дона односно Џени Гарт и Тори Спелинг.
По тој повод тие објавија и заедничко селфи кое не им се многу допадна на нивните следбеници.
„Работам со мојата омилена партнерка во злобата“ напиша Џени под заедничката фотографија.
На нивните следбеници очигледно не им се допадна што го промениле личниот изглед и што не личат на себе.
„Што се случи? Не ти треба тој ботокос. Ова не е Џени.Двете претеравте“ се само некои од коментарите.