Софија Милошевиќ, познатата српска манекенка и топ модел, по вторпат е бремена со својот партнер, фудбалерот на Реал – Мадрид, Лука Јовиќ.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира на насловницата на еден популарен моден магазин со едвај забележливо трудничко стомаче.
„Едвај чекав да ја споделам оваа добра вест со вас! Многу сум горда што сега сум првата трудница на насловна страница на популарно списание“ – напишала Софија Милошевиќ и ставила до знаење дека е бремена по втор пат.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Лука Јовиќ и Софија имаат син кого го крстија Алексеј, кој неодамна наполни една година.
За оваа прилика ангажираа музичари, а забавата вклучуваше и дружење со коњи, што ги воодушеви сите. Милошевиќ се опушташе на огромна лулашка, а сите детали од прославата го најдоа својот пат до јавноста преку социјалните мрежи.
Очигледно ѕвездата од клупата на Реал никако да го погоди голот, ама затоа прецизно гаѓа на друго место. Лука Јовиќ одново ќе стане татко, пвкупно третпат, зашто покрај синот Алексеј со манекенката, тој има уште едно дете од претходната партнерка, со која исто така не влезе во брак, но ја забремени, таа роди, па се разделија.
Фото: Инстаграм принтскрин/sofijamilo