Актерката Софи Тарнер која се прослави со улогата во серијата „Игра на престоли“ и музичарот Џо Џонас конечно на социјалните мрежи објавија фотографија од венчавката.
Познатиот пар одлучи церемонијата да биде во Франција.
Софи носила раскошна венчаница, а Џо црно одело.
Веначиницата на Софи привлече посебно внимание бидејќи станува збор за „Луј Витон“, а ја креирал Николас Гескјер, директорот на женската колекција.
„Господ и госпоѓа Џонас“ напиша актерката во описот на фотографијата.
Фановите упатија голем број на честитки и позитивни коментари.
За потсетување, Софи и Џо се свршија во 2017 година. Се венчаа во мај во Лос Анџелес, а кон крајот на јуни организираа уште една свадбена церемонија.