Ѕвездата на серија „Очајни домаќинки“, Фелисити Хафман се предаде во вторник во затворската институција во Калифорнија.
Актерката која е обивнета на затворска казна за давање на мито кое го давала за да ја запише ќерката на факултет, започна со служење на двенеделната казна.
Фелисити се наоѓа во затворот во Калифорнија кој е наменет само за жени.
Освен затворската казна Фелисити поради митото мора да плати и казна од 30 000 долари.
Ѕвездата е осудена претходниот месец откако пред судот изјавила дека е виновна и дека обидот да биде добра мајка не ја оправдува.