Радио Милева

Ѕвездата на „Игра на тронови“ се соблече во бикини (фото)

Ѕвездата на „Игра на тронови“ се соблече во бикини (фото)

=Софија Турнер која во серијата „Игра на тронови“ ја игра улогата на Сенси Старк која моментално е кралица на Север.

Нејзиниот лик низ серијата доби разни трансформации, а кога станува збор за нејзиниот приватен живот немавме прилика да ја видиме во вакво провокативно издание.

Софија се соблече во бикини и го покажа своето згодно тело, а друштво и прави нејзиното момче, музичарот Џон Џонас со кого е во сериозна врска.

За потсетување, во една нејзина исповед Турнер изјавила дека често размислувала за самоубиство бидејќи ја нарекувале „дебела“.

-Имав депресија последните шест години. Најголемиот предизвик за мене беше да станам од креветот и да излезам од дома. Само плачев и плачев, а потоа се обидував да се облечам и си велев себе си: „Не, јас не го можам ова“ – раскажува Софи во едно интервју.

Денес таа е под терапија и дека најголема поддршка и е момчето партнер.

фото: Профимедиа

To top