Јован Стефановиќ итно е примен во болница, а со брза интервенција констатирано е дека му пукнала белодробната марамица.
Како што пишува српски Телеграф, неговата здраствена состојба е тешка, а семејството не се двои од него ни за момент. Новинарите ја контактирале неговата девојка Хана Олајиќ која птврдува дека Јован е во болница, но не сака да открива детали.
-Јоца има проблем со белите дробови. Му пукна белодробната марамица и сега ги чекаме резлултатите за да видиме што понатаму, вели Хана.
Потсетуваме, Јован има 33 години, а во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше во сезоната 2008/2009 заедно со Дарко Лазиќ и Милан Топаловиќ.