Радио Милева во болнички кревет

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ заврши во болница: „Не ги земајте луѓето здраво за готово“ (фото)

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ заврши во болница: „Не ги земајте луѓето здраво за готово“ (фото)

Американската актерка Тори Спелинг ги загрижи своите обожаватели со селфито од болничкиот кревет кое го објави на својата приказна на „Инстаграм“. Ѕвездата на популарната серија „Беверли Хилс 90210“ откри дека завршила во болница поради отежнато дишење, вртоглавица и висок крвен притисок.

– Еве ме во болница од доцна во ноќта“, напиша Тори. Додала дека морала да оди на различни тестови и им се обратила на хејтерите кои ја критикувале во минатото затоа што изјавила дека не може да работи бидејќи и се слошило.

“А, следниот пат кога нема да ги земате луѓето здраво за готово и да покажете љубезност наместо сомнеж? Запомнете, за луѓето како мене, тоа е ноќна мора кога не работиме. Јас сум работохолик. Секогаш избирам работа”, Спелинг рече, додавајќи дека само сака да се врати дома кај своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

Инаку, Спелинг е во брак со Дин Мекдермот од 2006 година и имаат пет деца – Лијам, Стела, Хети, Фин и Бо. За време на изминатите празници таа се разделила од сопругот откако дознала за неговото неверство. Иако се чинеше дека крајот на нивната врска е дефинитивен, актерката реши да му прости.

Фото: Принтскрин/Инстгарам

To top