Крис Нот, кој се прослави со улогата на Ѕверката во култната серија „Сексот и градот“, пред една година се најде во центарот на скандал по обвинувањата за сексуална злоупотреба. Имено, три девојки го обвинија за сексуален напад, по што судот докажа дека Крис е невин.
Меѓутоа, овие девојки револтирани од судската пресуда решиле да ги здружат силите и да снимат серија за тоа како актерот сексуално ги вознемирувал.
Како што пренесува „Стар“, Крис ангажирал тим адвокати да го прекинат снимањето и да забранат неговиот лик и дело да се прикажуваат на екранот.
-Ѕверка не е при себе кога слушна што му подготвуваат трите девојки, воопшто не му е јасно што сакаат повеќе од него. На суд е докажано дека тие не се негови жртви и дека една од нив лично го малтретирала и му нудела секс, што тој го одбил. Ангажирал адвокатски тим да го прекине снимањето на серијата, а верува дека ќе го прекинат сето тоа. Сепак, би бил голем скандал доколку се снима серија за тоа како малтретирал некои девојки, иако тоа е голема лага – изјавил за „Стар“.
фото:Getty Images