Радио Милева

Џорџ Клуни одбил да биде кум на кралското бебе на Хари и Меган, а ова е причината

Џорџ Клуни одбил да биде кум на кралското бебе на Хари и Меган, а ова е причината
фото:принтскрин/јутјуб

Славниот холивудски актер Џорџ Клуни директно и без заобиколување во емисијата на Џими Кимел изјави дека нема да биде кум на Арчи, кралското беше и наследник на Меган Маркл и принцот Хари.

Откако се појавија гласини дека со оглед на тоа дека Амал и Џорџ се блиски пријатели со Хари и Меган, а малиот Арчи е роден на исти ден со актерот, Клуни ќе биде кумот, тој одлучно и јадно одби кумство со кралството.

„Тоа би била лоша идеја“, одговорил тој, а потоа образложил: „Јас сум татко на близнаци, а и со тоа едвај се справувам. Не би требало да бидам ничив кум.“

На инсистирање на Џими да му каже каков ќе биде неговиот одговор ако Хари и Меган би го побарале тоа од него, тој одговорил: „Јас нема да бидам кум, ти ветувам. Сосема сум сигурен во тоа.“

Останати вести од Радио Милева