Радио Милева

Џорџ Клуни ја спореди Меган Маркл со принцезата Дајана: „Не дозволувајте историјата да се повтори“

Џорџ Клуни ја спореди Меган Маркл со принцезата Дајана: „Не дозволувајте историјата да се повтори“

Принцот Хари и Меган Маркл се блиски пријатели со парот Клуни, поради што холивудската ѕвезда имала потреба да упати апел до медиумите за објавување на невистини на новопечената војвотка.

Во последните неколку месеци се пишуваше за разни барања на Меган. На пример, дека барала да се постават освежувачи.

Се пишуваше и дека заљубениот Хари дури им викал на вработените кои не сакале да исполнат некои барања на војвотката.

Меган во седмиот месец од бременоста, па медиумите го следат секој нејзин чекор, израз на лице, секој изговорен збор.

Поради тоа, Џорџ Клун, кој е сопруг на Амал, добра пријателка на Меган Маркл имаше потреба да се обрати во јавноста.

„Постојано ја следат и пишуваат невистини за неа. Таа е  во седмиот месец од бременоста, а ја прогонуваат на ист начин како и принцезата Дајна“ вели актерот.

Актерот апелираше на медиумите и јавноста, Меган Маркл да не заврши како покојната принцеза.

„Историјата се повторува, а видовме како заврши приказната за Дајана“ вели актерот.

Foto:Guliver/Getty images, Instagram
To top