Иако повеќе од година дена нема снимено филм, холивудскиот актер Џорџ Клун е прогласен за најплатен актер за оваа година.
Она што на Клун му донесе огромна заработка е продажбата на неговиот бренд на текилата „Казамигос“ вредна 700 милиони долари. Од текилата заработил 233 милиони, пренесува Форбс.
Актерот од почетокот на 2017 година до 1ви јуни оваа година заработил вкупно 239 милон долари.