Мегафон

Џонсон Мети го одбележа „Денот на семејството“

Џонсон Мети го одбележа „Денот на семејството“

Компанијата „Џонсон Мети“, заедно со своите вработени и нивните семејства, го одбележа „Денот на семејството“ во дворот на фабриката во Скопје. Во компанијата се свесни дека патот до подобар ангажман на вработените и градење силни односи со вработените оди преку нивните семејства и дека семејството му е најважно на секој поединец.

„Децата и другите членови на семејството на вработените учествуваа во фантастични и возбудливи активности за време на овој годишен настан. Покрај забавните игри, сесиите на фотоштандови и експериментите со тимот на Лабораторијата Џонсон Мети за децата, имаше и тури во фабриката што ги водеа група вработени волонтери. Вработените во компанијата заедно одлучуваа за активностите, концептот и идејата на настанот. Беа охрабрени мислењата на вработените за тоа како треба да се одвива настанот и потенцијалните иновации. Прашувањето на вработените за нивните преференции и потреби поттикнува чувство на вклученост на работната сила“, велат од Џонсон Мети.

Според нив, ваквите настани ги зајакнуваат односите со вработените и им даваат можност на децата и другите членови на семејството да видат каде работат нивните родители или саканата личност, како изгледа работното место и во каква средина работат. Семејствата се задоволни знаејќи дека нивните најблиски работат во безбедно и здраво опкружување.

„Настан како овој, исто така, им дава можност на семејствата на вработените да комуницираат и да се запознаат. Ова ја подобрува работната средина и гради добри односи меѓу колегите. Покрај интегрирањето на семејствата на вработените во компанијата, овој ден обезбедува чувство на припадност меѓу колегите бидејќи тие го одбележуваат како едно огромно Џонсон Мети  семејство. Повеќе од вработените, членовите на нивните семејства беа оние кои беа повозбудени за настанот“.

Семејствата треба да се интегрираат и да се вклучат повеќе од кога било, особено во место како Северна Македонија каде структурата на семејството е силна, а луѓето се многу емотивни.

„Не треба да се работи само за испраќање покани до членовите на семејството за годишниот собир. Треба да одвоите еден ден и одредена пригода само за нив, каде што можете да направите да се чувствуваат посебно и да им дадете незаборавно искуство. И што е најважно, тоа треба да се направи постојано“, додаде Боријан Борозанов, извршен директор на фабриката во Скопје.

За Катерина Секуловска, вработена која учествуваше во организација на „Денот на семејството“, тоа претставува можност да се сподели со најблиските „не само каде работам и каде се одвиваат процесите, туку да ја споделам со нив гордоста што работам во фабрика кој се грижи за своите вработени, за животната средина и какво наследство остава таа на овој свет“. За Харис Бајрами е огромно задовлство што бил дел од организациониот тим на „Денот на семејството“, но истовремено и притисок дали ќе се успее во организацијата на овој многу важен ден за вработените.

„Посебно ми е драго што во организацијата учествуваа и се запознаа колеги од различни сектори, а како тим што не се познававме направивме пријателска атмосфера за работа. Кога им кажав на моите дека организираме Ден на семејството, тие беа видно возбудени, со оглед на тоа што не се запознаени каде работам, што работам, што и како произведуваме. Дефинитивно повторно ќе бидам тука во организација на ваков настан“, вели Бајрами.

Според Зехра Ќуфлију, советник за човечки ресурси во Џонсон Мети, „ваквите иницијативи влијаат на сите наши вработени. Тие допираат до нивните срца и емоции. Денот на семејството помогна да изградиме одлични односи со нашите вработени. Тие повеќе не ја гледаат својата работа како само уште една обврска“.

To top