Радио Милева
мистериозна девојка

Џони Деп во нова љубовна романса?! Но, фановите незадоволни од неговиот избор, прашаа: „Зошто шета со оваа црвенокоса тетка?

Џони Деп во нова љубовна романса?! Но, фановите незадоволни од неговиот избор, прашаа: „Зошто шета со оваа црвенокоса тетка?

Џони Деп се фотографираше со мистериозна црвенокоса девојка, по што дојде до „колапс“ на социјалните мрежи, а потоа беше откриено која е таа.

Џони Деп беше во центарот на вниманието за време на судењето на поранешната сопруга Амер Херд, која ја тужеше поради напис од 2018 година што таа го напиша за Вашингтон пост. Во написот таа тврдела дека била жртва на семејно малтретирање, но никаде не го спомнала името на актерот.

Поротата ја донесе пресудата во корист на Џони, а Амер поднесе жалба. Драмата околу судењето на поранешните сопружници барем засега стивна, а Деп се фотографираше со црвенокосата млада девојка за која сите мислеа дека е неговата нова избраничка.

Двајцата беа „фатени“ во неделата кога пристигнаа заедно во Италија, каде Џони ќе настапи со легендарниот гитарист Џеф Бек, а на мрежите настана хаос меѓу обожавателите на актерот кои изгледаа дека не ја сакаат девојката и се прашуваа „зошто оди со црвенокоса тетка“.

Сепак, сите можат да здивнат, бидејќи во прашање е наставничката по француски на Џони која му помага да го усоврши јазикот за претстојниот филм „Жан ду Бари“ во кој ќе се појави актерот, а нивната врска е чисто професионална. Филмот е заснован на вистинска приказна, а во фокусот на заплетот е ќерката на шивачката која во 18 век станала последната љубовница на Луј XV. На Деп му била доделена главната улога на кралот и ова е негов прв филм во последните три години.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/Твитер/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева