Џони Деп во интервју за магазинот „GQ“, прозбори како го поднел тоа што јавноста го прогласи за насилник кога поранешната сопруга Амбер Херд го обвини дека физички ја нападнал и откри дека за малку ќе ја напуштил глумата.
Тој откри дека им дозволил на луѓето да зборуваат што сакаат, но дека не го оставиле на мира.
„Оставив на адвокатите да ја средат работата, меѓутоа работите одеа на полошо, а луѓето мислеа дека сум луд и дека ми треба психијатриско лекување“, вели Деп и додава дека му било тешко бидејќи го обвиниле за нешто што не направил на личност која ја сака.
„Јас не сум таков. Јас не го направив тоа. Луѓето почнаа да ме тужат секогаш кога имаа прилика. Знам дека никогаш нема да бидам Пепелашка и го прифаќам тоа, но ова изгледаше како Пепелашка да се претвори во ѕвер“, вели Џони.