Радио Милева во близина на имотот на Ѓоковиќ

Џони Деп купува куќа во Белград?

Џони Деп купува куќа во Белград?

Холивудскиот актер Џони Деп наводно решил да си купи куќа во Србија, пишуваат српските медиуми.

Наводно, актерот го посетил Космај за време на неговата последна посета на Белград.

Тој со пријателите се одмарал на неколку локации на оваа српска планина, а како што се наведува разгледувал куќи и имоти на кои сака да изгради куќа.

-Џони кога беше во Србија, сакаше да го посети Космај. Слушна многу убави работи за тој дел од Србија. Тогаш не успеа, но им кажа на пријателите дека тоа ќе го направи следниот пат. Во пополнетиот распоред успеа да најде време и да види неколку куќи. Посебно се израдува што таму куќа има и Новак Ѓоковиќ кој многу го почитува. Неколку имоти му привлекоа внимание, а еден од нив е во близина на имотот на Новак, па им кажа на соработниците да се инфомираат додека тој повторно се врати во Белград,

Инаку, бидејќи сега имал многу повеќе време од претходниот пат, актерот посетил и неколку ресторани каде што се фотографирал со пријателите.

фото: Промо/епа/тањуг/драган кујунџиќ

To top