Славниот холивудски актер Џони Деп доаѓа во Србија кон средината на месец јануари следната година и сигурно ќе остане месец дена, а можеби и подалго во зависност од временските прилики.
-Странските медиуми потврдија дека Деп направил соработка со режисерите да ја игра главната улога во филмот „Минамата“ чие снимање започнува во Јапонија, а филмската екипа ќе се пресели во Србија во јануари каде ќе продолжи снимањето. Се уште не се познати локациите на кои ќе се снима, но една од дестинациите сигурно е Белград, вели извор за српски Блиц и додава:
-За него веќе е резервиран хотел во Белград, а листа од барања се уште не пристигнала во хотелот, но можeби и нема да ја има бидејќи Џони е доста едноставен, сака да се шета без обезбедување, па сите се уверени дека ќе имаат прилика да се сретнат со него и да се фотографираат.
фото:instagram