Радио Милева

Џоли копа по минатото за да го оцрни Бред Пит: „Им ја покажуваше интимата на жени со деца“!

Џоли копа по минатото за да го оцрни Бред Пит: „Им ја покажуваше интимата на жени со деца“!

Поминаа години откако Бред Пит и Анџелина Џоли го почнаа судскиот процес за разводот, но поради несогласувањето за старателството над децата, истиот се уште се влече.

Секој од нив постојано го вади „валканиот веш“ пред судот, но разврска се уште нема.

Американскиот Радар Онлајн објави детали кои откриваат дека Анџелина планира во бракоразводното судење да го изнесе и настанот од 1988 година. Таа наводно сака да го оцрни Пит дека не е способен да ги има децата поради тоа што во далечната година за време на снимањето на филм предизвикал инцидент заедно со својот колега на сет.

Преведено на “јазикот на Анџелина” во судењето – им ги покажа гениталиите на мајки со деца!

Поранешниот публицист на славниот актер Фил Лобел, објави за порталот Радар Онлајн, дека Анџелина се борела валкано за да го добие старателството над децата, но и ги открил деталите од “прикажувањето” на Пит.

“Го снимаше филмот ‘Cutting class’ во Малибу, на автопат. Ми се јави и ми кажа” нема да поверуваш што се случило – се досадувавме и им ги покажувавме голите задници на возачите”. Во еден автомобил беше мајка со дете и повикала полиција” , изјави Лобел, додавајќи:

“Кога полицијата стигнала на сетот, продуцентите побараа да не поднесуваат пријави за тоа што се случило, но ги поднесоа. Најдов адвокат кој го прифати случајот за илјада долари, што беше прескапо за него тогаш. Успеа да го пренамени обвинувањето за нарушување на јавниот ред и мир “, додадава тој.

Токму овој мемент од минатото актерката сака да го искористи против Бред Пит, а дали ќе и помогне во случајот кој се влече со години, останува да видиме.

To top