Македонската водителка на еден од најпопуларните квизови „Се или нешто“, Лила Филиповска знае да ужива каде и да се наоѓа.
Имено, изминатите месеци додека траеше вонредната состојба со коронавирусот, Лила времето го поминуваше во својот стан во Скопје, а друштво и правеше нејзиното маче Рагнер.
Откако се олабавија мерките, водителката го искористи времето и паузите од снимањата за да ги наполни батериите.
Имено, колку што дозволија мерките и поради одредени затворени граници, Лила беше неколку дена на одмор во Охрид, па во Албанија.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-kogo-kako-lila-go-najde-svojot-letnen-raj-na-more-vo-albanija-foto/
Меѓутоа, Лила неодамна го посети родното село на нејзиниот татко и се навратија спомени од детството, а водителката истакна дека таму го наоѓа својот мир.
Во таа прилика, Филиповска ја покажа градината во која преовладува зеленило и цвеќиња.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-ova-mesto-ja-vrzuvaat-mnogu-spomeni-lila-go-poseti-rodnoto-selo-na-nejziniot-tatko-foto/
Меѓутоа, деновиве водителката повторно го посети родното Виниче и ја покажа внатрешноста на домот односно дневната соба, а потоа ја снимаше и терата.
Како што истакна таа нејзината омилена тераса каде што сакала да учи и да чита книги.
„Ова ми беше омилена тераса за учење и за читање на книги….и се уште ми е“, напиша водителката во кусите на „Инстаграм“ и го покажа преубавиот поглед од балконот.
Веруваме дека Лила ги наполнила батериите подалеку од гужвата и вревата во Скопје и е подготвена за новата работна недела.
Потсетуваме, претходната недела започнаа снимањата на новата сезона на квизот „Се или нешто“.
фото: Инстаграм/лилафилиповска