Радио Милева

Ѕирнете во новиот дом на Татјана Лазаревска и Новица во Австралија (фото)

Ѕирнете во новиот дом на Татјана Лазаревска и Новица во Австралија (фото)

Македонската фолкерка Татјана Лазаревска заедно со нејзиниот сопруг Новица и синовите веќе подолг временски период живее во Австралија.

Лазаревска заедно со семејството веќе пет години ужива надвор од границите на Македонија, но секогаш кога има прилика особено во летниот период доаѓа во Македонија каде што останува на подолг временски период.

фото: фејсбук

Кога е во Македонија, Татјана ја користи прилика за да ужива со нејзините пријатели и роднини или пак да одржи некој настап.

Во Австралија, досега Татјана и Новица живеаа во изнајмена куќа каде што често знаа да ги угостат уметници од македонската естрада.

Меѓутоа, Лазаревска и сопругот по пет години живот во Австралија си купија сопствена куќа и сега имаат сопствен дом.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tatjana-lazarevska-i-novica-imaa-golem-povod-za-chastenje-pod-svoj-pokriv/

За „Женски магазин“, фолк пејачката вели денот треба да и трае 30 часа за да можат да постигнат со уредувањето на новиот дом.

Пејачката и нејзиното семејство одбрале важен и симболичен датум за вселување во новиот дом.

„Куќата ја купивме на средината на декември, а се вселивме на 14 јануари, на Василица. На 20 јануари ја осветувавме, а тоа е денот кога пред точно 5 години слетавме и се преселивме во Австралија. Што се однесува до уредување на домот тоа спонтано го правиме сите заедно со децата и пополека. Нашата куќа е секогаш полна со добри и позитивни луѓе, а посебно колегите од Македонија, кои секогаш сакаме да ги удостоиме со убава седенка и дружба. За мезето е речиси секогаш задолжен Новица кој морам да признаам дека одлично се снаоѓа во кујната (дури подобро од мене), хахаха“ вели Лазаревска.

фото: фејсбук

Лазаревска вели дека тие се среќно семејство кое е богато со многу пријатели која ја сакаат нивната енергија.

Во продолжение, погледнете неколку фотографии од новиот дом на Татјана и Новица.

За потсетување, фолк пејачката во една прилика истакна дека нејзиниот живот во Австралија е прекрасен, дека одлично се прифатени од луѓето таму и дека стекнале уште поголем број пријатели.

фото: женскимагазин

 

To top