Домот на водителката Сања Кужет е уреден во духот на претстојните празници, а водителката се погрижи да ги исполни сите желби на наследниците во поглед на декорацијата.
Водителката на „Ѕвезде Гранда“ веќе го украси својот дом, а во тоа ужива уште од мала.
– Периодот пред новогодишните празници, па дури и самите празници, за мене отсекогаш имале посебно значење и емоција. Уште кога бев дете уживав како семејството ја украсува елката и го украсува станот низ музика – признала Сања.
View this post on Instagram
Традицијата ја продолжи со своите деца, па признава дека со нетрпение го очекува доаѓањето на празниците и исполнувањето на сите обичаи.
– Веќе на почетокот на декември во нашиот стан има празнична атмосфера во која уживаме. До пред неколку години редовно купувавме украси и со задоволство го менувавме изгледот на елката за секогаш да биде поинаку. Неодамна тоа им го препуштивме на покреативните луѓе кои се занимаваат со тоа бидејќи имаат совршени идеи и самата реализација, со тоа што секако сите ние сè уште учествуваме во тој чин. Тоа не се менува – низ насмевка изјави водителката за Гранд.
фото:Instagram printskrin