Убавата снаа на Цеца, Богдана, пред да се омажи за младиот боксер Вељко Ражнатовиќ, живееше во домот на нејзините родители во Тител.
На атрактивната црнка никогаш ништо не и недостасуваше, а судејќи според фотографиите направени во нејзината семејна куќа, таа живееше во вистински луксуз.
Екипата на ало.рс неодамна го посети домот на Родиќ, а како што велат таму ги дочекале како вистински домаќини.
Инаку, Богдана завршила деловно училиште, насока финансии и сметководство, а нејзините постари сестри се исто така универзитетски образовани. Најстарата Бојана завршила Правен факултет, а Наташа дипломирала Менаџмент во медиуми.
Пред да го запознае Вељко, Богдана работеше во семеен бизнис, а освен што беше задолжена за финансии, немаше проблем да продава кокошки на пазарот.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од домот на Богдана.